ТЕРА

REKLAMA???

ССМ ПОБАРА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРА

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) претпладнево пред Работничкиот дом го почна протестот за повисоки плати и подобри услови за работа.

На Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, ССМ го актуализира барањето минималната плата да биде 500 евра, сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра и да се почитуваат колективните договори и работничките права.

Од зборното место, членовите на овој синдикат и претставници од други синдикати се упатија кон Собранието, а потоа протестниот марш продолжи кон Стопанска комора и пред Владата за да ги соопштат нивните барања.

„Тука сме за минимална плата од 500 евра, помножена по коефициент за сложеност затоа што 500 евра плата не е доволно. Затоа што две минимални плати не овозможуваат основни трошоци за живот на едно четиричлено семејно домаќинство. Ќе дојдеме многу повеќе ако не ги зголемат платите. Бараме пристојна плата за пристојна работа, истакна Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) пред Владата каде што заврши првомајскиот протестен марш.

МИА