„Функционерите си ги покачија платите за 78 проценти, а нас нѐ убедуваат дека 2.000 денари е доволно да преживее македонскиот работник“, рече претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски на вчерашниот протест за Денот на трудот – 1 Мај пред Владата.
„ Со две илјади денари работникот не може да го издржи месецот, додека некои со 78 отсто си го поминуваат месецот лежерно и убаво. Ние, работниците, не се откажуваме – како за нив, така и за нас. Нека ги намалат и тие платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници, бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и колку се потребни тие пари. Пазарат по продавници и нѐ лажат дека цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе и да се сплоти и да им кажеме ‘не’ на овие што не мислат на нас и си гледаат само за себе“, кажа Димовски.
Пет години се кршат колективни договори и закони, пет години барањата за подобрување на состојбата на работникот во државата сè уште се непорменети, порачаа претставниците на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на протесниот марш кој под мотото „За правда, за еднаквост“ се одржа вчера во Скопје












