Следува период на претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде во попладневните часови ќе има ретка појава на краткотраен дожд со грмежи. Температурите ќе бидат без значителни промени.
Сончево и топло со мала до умерена облачност поголема попладне и со слаб до умерен ветер од северен правец денеска и во следните денови. Температурата ќе се движи во интервал од 13 до 32 степени Целзиусови.
УХМР












