Во Општина Новаци завршија изборите. Актуелниот градоналачалник Стевче Стевановски победи во прдиот круг.
За него гласале 984 гласачи или 53,65 проценти. На второ место според бројот на гласови е кандидатот на СДСМ Љубе Кузмановски кој освои 454 гласови или 24,75%.
Стевановски се заблагодари за секој глас што го доби вчера, за секоја поддршка и за како што вели подадената рака за заедничка борба.
„Драги мои сограѓани, почитувани жители на Општина Новаци, зборувам со исполнето срце и со неизмерна благодарност. Ви благодарам за секој глас, за секој збор на поддршка, за секоја рака што се подаде во оваа заедничка борба. Оваа победа не е само моја – ова е победа на сите нас, на сите граѓани кои веруваат дека Новаци може и заслужува подобро! Победа на чесноста, на трудот, на визијата дека општината треба да биде дом за сите, а не привилегија за малкумина.
Изминатиот период беше исполнет со предизвици, но и со многу докази дека кога сме обединети, можеме сè. Ви ветувам дека така ќе продолжиме – со работа, со искреност и со посветеност кон секој граѓанин, секое населено место, секое семејство. Пред нас е ново поглавје – време да ја градиме иднината со дела, не со зборови. Ќе вложиме во развој, во инфраструктура, во младите, во секој проект што ќе ја направи Новаци подобро место за живеење. Ви благодарам што верувавте, што стоевте зад мене и што покажавте дека заедништвото победува. Оваа доверба ќе ја оправдам со чесна, одговорна и посветена работа.
Да продолжиме сите заедно – со истата енергија, со истата љубов кон нашата Општина Новаци. Да покажеме дека кога има срце, има и успех“, вели Стевановски.












