Вечерва на седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопшти пратеникот Антонио Милошоски определија уште осум кандидати за градоначалници во осум општини.
ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да му предложи на Централниот комитет за Општина Новаци да биде Стевче Стевеновски, актуелниот градоначалник, со што ој ја добива довервата за втор мандат.
И за него и за останати седум кандидати, како што рече Милошоски сметаат дека се одговорни, исполнителни личности кои што својата активност ја докажале не само во рамките на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ туку имаат углед и во самите општини.
„На истите ќе им биде препорачано во следниов период, да си отворат што поголема комуникација со локалните граѓани во општините за да може да поработат директно на терен за составување на програмата која што е потребна за локални избори.
Централниот штаб ќе биде на располагање заедно со еден тим кој што ќе биде формиран за локалните избори, да им помогне за одредени проекти, кој што се од поголемо капитално значење за Македонски брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Росоман и Дебарца. Цениме дека со овие 8 вечерва објавени кандидати за градоначалници и претходните 25, ВМРО-ДПМНЕ со самодоверба чекори кон локалните избори бидејќи сме единствената партија која што во моментов има обзнането имиња на 33 кандидати за градоначалници за кои што сметаме дека се на добар пат и да ја добијат довербата на граѓаните.
Оние кои што се актуелни градоначалници сметаме дека со досегашната работа, ќе имаат добар кредит да ја добијат и понатамошната доверба, а оние кои што добиваат шанса за прв пат, искуството кое што го имале претходно во своите општини и поддршката која што ќе ја имаат од своите колеги, и од нас како поголема политичка партија, цениме дека ќе им биде ветар во едра за спроведување на добра програма и реализација на добри проекти корисни за нивните општини“ рече Милошоски.












