ТЕРА

REKLAMA???

СТЕВАНОВСКИ НА МИТИНГОТ ВО НОВАЦИ: ИМАМ СИЛА И НОВА ЕНЕРГИЈА

Победа во првиот круг избори и глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на позитивните промени со кои се соочува општина Новаци, беше пораката испратена на митингот во општина Новаци на кој присуствуваа членови и симпатизери на оваа партија.

Воведот беше препуштен на вицепремиерот и министер за трансорт и врски Александар Николовски кому во фокусот му беа државните инфраструктурни проекти што се реализираат, особено од паневропските коридори во државава. што директно овозможуваат поголем развој и во пелагонискиот регион. Кандидатот Стевче Стевановски ја гради довербата со секојдневната работа, тој „ќе дојде со тебе“ кога ти треба, „Стевче не е само политичар, туку и сосед и пријател“- потенцираше Николовски повикувајќи  на гласачките ливчиња да се заокружи бројот 9.

Кандидатот Стевче Стевановски кој ја водеше општина Новаци во изминатите 4 години ги презентираше постигнатите резултати, капиталните проекти – како изградбата на трите главни улици во Новаци кон индустриската зона во вредност од 60 милиони денари, канализациската мрежа во Добромири и отворениот тендер за пречистителна станица, спортско рекреативната патека до манастирот Рождество на Пресвета Богородица, скејт-парк, плоштад во Старавина….

Зборуваше и за обновените паркови во сите населени места, дека Новаци е првата општина којашто воведе бесплатен оброк во училиштата и дека ја плаќаат школарината за бруцошите во сите државни универзитети во Македонија, за субвенциите за полагањње возачки испит, за финансиската поддршка за новородените деца. „Ова е само почеток“ рече Стевче Стевановски додавајќи дека има нова енергија со други проекти и, претстави дел од својата програма со која го бара вториот мандат.

Започна со планот за изградба на систем за наводнување на Новаци и Добромири од акумулацијата Суводол – проект кој неразумно се пролонгирал од претходната влада – „капитален проект за земјоделците“ ; Зип-лајн од Рапеш до Груниште, пристапни скали кај Темнички вир во Градешница како влог во туристичката понуда на општината. Стевановски предлага изградба на мини-пазар како ново поттикнување за земјоделците, осветлување на патот кон Далбеговци, модерни сообраќајни влезови во Долно Агларци и Горно Агларци… зборуваше и за други инфраструктурни проекти кои водат до „поразвиена општина Новаци, кон брз економски развој и поддршка на младите и земоделците.“ „Општината ја презедов со 1 милион евра долг, а реализравме проекти во вредност од 4 милиони евра“- рече кандидатот Стевановски.

За важноста на соработката меѓу локалната и централната власт зборуваше Христијан Мицковски, премиер и лидер на партијата. „Стевче има амбициозна програма“ а тоа за лидерот кој очекува испорачување на резултати подразбира дека „ја следи програмата на владата“. „Тоа што Стевче го ветува, ние го поддржуваме, а тој реализира“, рече на митингот Мицковски кој упати и неколку пораки до политичките противници на овие избори кои се „непринципиелно обединети водени од желбата за власт и материјалната добивка во спрега со манифестиран гнев кон ВМРО-ДПМНЕ“. Посочи дека коалициите за локални избори во некои градови се направени за раслојување на гласачкото тело кое може партиите кои долго владееле во Македонија да ги испрати во политичка пензија, посочувајќи го примерот на „Левица“ во Велес и ДУИ. Повика на масовност на денот на гласање и поддршка на  листата кандидати за советници во Советот на општина Новаци предводени од Илче Трајковски и кандидатот за градоначалник Стевче Стевановски.