ТЕРА

REKLAMA???

СТОИЛКОВИЌ: БАЛАНСЕРОТ Е НАДМИНАТ,„БАДЕНТЕР“ ВО УСТАВНИОТ СУД ВОДИ ДО РАСПАД НА ДРЖАВАТА

По укинувањето на балансерот, албанските политички партии во Македонија излегоа со предлог „Бадентер“ да се користи во работата на Уставниот суд на Македонија и да се формира Албанска Македонска академија на науките.   Претседателот на ДУИ Али Ахмети обвинува за нарушени меѓуетнички односи и укинување на клучните механизми за нивна заштита. Припадниците на другите малцинства во државата сметаат, се стави крај на доминација на една од малцинските заедници.

Дали принципот за поврзување на етничките заедници во законоданите тела(Бадентер), при што за системските закони треба посебно да гласаат мнозинство од малцинствата може да се користи при работата на Уставниот суд?

Прашањето се наметна по одлуката на Уставен суд со која Законот за правична застапеност беше укинат, а исходот го одредија гласовите на судиите Македонци наспроти судиите Албанци и Турци (еден), затоа што принципот „Бадентер“  се користи при изборот на уставните судии.

За припадниците на етничките заедници во државава ова е проблем за соживотот, за правниците – „Бадентер“ во Уставниот суд  претставува пат кон комплетно дерогирање на законите.  Вицепремиерот Иван Стоилковиќ е министер за односи меѓу заедниците, вели „ Балансерот  е надминат и  ја уништи јавната администрација и немаше ама баш никаква етничка идентификација. “ како што налагаше самиот Закон за правична застапеност.

„Државата е уништена, правото е дерогирано. Ние сега се обидуваме да се вратиме на почетните позиции. тиме на почетните позиции. Зошто? Затоа што мислам дека балансерот не е некој закон за кој вреди да се зборува. Ова од порано го тврдам, затоа што беше извор на најголемите злоупотреби во државата. Еве ќе го споменам министерството каде сум министер. Сите се Албанци, има само пет Македонци и по некој од помалите етнички заедници што укажува дека ви е јасно каква е состојбата. А ако ги погледнете званичните податоци ви Министерството ќе испадне дека Албанците не се толку многу, а скоро сите се. Што е просто неверојатно, не станува тука збор за злоупотреба туку станува збор за скандалозна злоупотреба на Законот. Треба да биде надвор од употреба , да се најдат некои нови законски решенија кои ќе овозможат припадницие на заедниците да бидат вклучени во институциите, меѓутоа кај нас мислам дека тој број и тој процес е надминат веќе, и тоа што е многу важно е, целокупниот тој процес ја уништи македонската државна администрација. Јас тоа најдобро го чувствувам можеби во моето министерство затоа што од толкумина вработени можете на прсти на двете раце да ги изброите луѓето на кои можете да сметате дека стручно може да ви бидат на услуга за разрешување на проблемите со кои се соочува Министерството. “ – рече Стоиљковиќ на нашето новинарско прашање при отворањето на српскиот почесен конзулат во Куманово.

Уставниот суд на Република Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста на законите, но и ги  штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност. Но,  може ли да се донесуваат одлуки за закони по етнички клуч?

„Тоа е уште еден од обидите да се злоупотреби Рамковниот договор. Значи ние покрај другите активности имаме причина за активност во овој момент во развојот на македонската држава да се вратиме на Рамковниот договор но на неговите почетни принципи, затоа што доколку се продолжи вака со константно уривање на принципите на тој Договор ќе следи натамошно доразградување на државата што не е нешто што го посакуваат македонските граѓани, тоа сум сигурен. Така што , гледано од тој аспект, претстојат многу активности во таа насока. Сеуште сме немале координација на оваа тема, мислам дека она што во овој моменто можам да ви го кажам како мој став е дека без стручна јавна ние како држава нема да можеме да зебележиме ниту економски резултати. “ – вели Стоиљковиќ.

Во насока кон заштита на правата на етничките малцинства, албанските партии се јавија и со став за правење на Албанска академија на науки во Македонија. Тоа за нашиот соговорник е бесмислена, ама политичка маркетиншка реакција.

„Албанските болести се различни од македонските, од српските болести, значи и сега треба научниот пристап да го прилагодиме кон Албанци, кон Срби, кон Македонци…?!

Тоа се глупости кои произлоегуваат од една стара матрица дека „треба да се бара се„ и тоа што треба и тоа што не треба , па што помине. Ако најдете слаб соговорник или слаба власт ќе може да земете се’ па дури и тоа што нема никаква логика да профункционира во јавниот живот. Така што тоа е и барањето зао академијата на науки. Науката мислам е една единствена во целиот свет и таа секаде и секогаш е организирана на државно ниво Така што од тој аспект мислам дека е многу бесмислено барање кое повеќе служи за политички маркетинг на некои политички играчи на македонската сцена отколку некакво реално барање и потреба на граѓаните. “

Дебатата којашто допрва почнува е „збогатена“ со  писма што претседателот на партијата Демократска Унија за Интеграција ги испраќа кон нашите албанските соседи и високите претставници на меѓународната заедница. Инаку, со измените на Уставот од 2001 година, амандман четири, во граѓанска Македонија живеат „Македонскиот народ“ како и „граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и други“.  „ Бадентер“ се применува и за сите промени во Уставот.