ТЕРА

REKLAMA???

СТРАШНА БУРА И СЕ ЗАКАНУВА НА АВСТРАЛИЈА

Силни ветрови и високи бранови го погодуваат австралискиот Златен брег додека тропскиот циклон Алфред се движи кон густо населениот источен брег на земјата.

Се очекува циклонот Алфред утре да донесе ветрови до 155 километри на час, а во петок наутро се очекува да го погоди Бризбејн како бура од втора категорија.

Медиумите јавуваат дека луѓето се подготвуваат за евакуација. Пред куќите на големо се поставуваат вреќи со песок, а полиците на супермаркетите се речиси празни.

Последниот голем циклон што го погоди Бризбејн беше во 1974 година.