ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО ДОДЕЛИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ

По повод 2 април – Меѓународниот ден на лицата со аутизам, директорот и заменик директорот на ЈП Стрежево остварија средба со претставници од Здружението на деца со аутизам „Рилука“ од Битола. Стрежево” како општествено одговорно претпријатие додели финансиска помош на 21 дете со аутизам, за да помогне во секојдневното справување на овие семејства со предизвиците  со кои се соочуваат.

„Со здружението “Рилука” се договоривме да помогнеме со финансиски средства за опремување на просториите на здружението, а со цел да придонесеме во процесот на инклузија на дечињата заради непречено одвивање на нивните едукативни активности“, рече директорот на ЈП Стрежево Менде Грамтковски.

Од Здружението „Рилука“ се заблагодарија за донацијата.

Стрежево повикува заложбата на нашето општество да биде недискриминација и максимална социјална инклузија на лицата со аутизам заради поддршка и подобрување на квалитетот на нивниот живот.

Да помогнеме сите преку спојување по една коцкичка од мозаикот на животот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања за да создаваме подобар свет за овие лица и нивните семејства. Вработените на ЈП “Стрежево” со сето срце ја даваат оваа помош.