ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО НА ПЛУС 40 ИСПОРАЧУВА ВОДА ЗА ПЕЛАГОНИЈА

Хидросистемот Стрежево во моментот располага со повеќе од 72 милиони метри кубни вода во акумулацијата, информира директорот Менде Граматковски.

По главниот канал се испорачуваат околу 9 м3 вода за водокорисниците ( земјоделие, РЕК Битола, индустриски капацитети и вода за снабдување на населението).

Сите цевководи се со максимален проток и водата стигнува до културите насадени на околу 20. 000 хектари во Пелагонија.

“Стрежево” вода за ЈКП “Водовод” во текот на денот испорачува и по 560 литри во секунда.

Од претпријатието апелираат за рационално и наменски трошење на водата.