Утрово -6 степени на Попова Шапка, -4 Маврови Анови, -3 Лазарополе, Крушево, -2 Берово, -1 Крива Паланка, 0 Тетово, Прилеп, Штип, Струмица, Виница, Дебар, Претор, 1 Скопје-З.Рид, Скопје-Петровец, Битола, 2 Охрид, 3 Демир Капија, 4 Гевгелија, Дојран.
Најмногу дожд 7 л/м2 наврна во Берово, 6 Струмица, 5 Демир Капија, Ѓуриште, 4 Крива Паланка, Дојран, Пожаране, Виница, 3 Тетово, Маврови Анови, Штип, Тополчани, 2 Попова Шапка, 1 Прилеп, Битола.
83 см е снежната покривка на Попова Шапка, 20 Маврови Анови, 10 Лазарополе, 7 Крушево, Берово, 4 Крива Паланка, Ѓуриште, 2 Пожаране, 1 Дебар, Тополчани.
Во текот на ноќта и утрово времето беше облачно и студено со локални врнежи претежно од снег, а во некои од пониските места од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Времето денеска претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во некои од пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне од 1 до 5 степени. Во Битола до 3 степени.












