ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕНТИТЕ ПОВИКАА НА ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО СРБИЈА

Студентите во блокада повикаа за денеска на генерален штрајк во Србија и добија поддршка од проширената ректорска управа на Универзитетот во Белград, Адвокатската комора на Војводина и Белград и неколку различни синдикати, здруженија и иницијативи.

Во објавите на социјалните мрежи, студентите во блокада ги повикуваат граѓаните „да ги запрат луѓето околу себе“, да излезат надвор, да не трошат пари и да не одат на работа, јави Бета.

Им препорачуваат да земат слободен ден од работа или боледување и да ги повикаат колегите да им се придружат. Тие исто така ги повикаа да не одат во кафулиња и ресторани, да не купуваат во супермаркети, да не се посетуваат кина и театри…

Генерален штрајк свикаа и бројни средношколци, кои за денеска најавија протестна прошетка во Белград.

МИА