Студентите кои синоќа ги блокираа РТС и сите влезови на оваа телевизија на улицата Таковска и Кошутњак ноќта ја минаа пред влезот и од утрово не дозволуваат на никого да влезе, јавува МИА.
Во координирана акција, студенти од Белград и Нови Сад синоќа ги блокираа зградите на Радио телевизија на Србија (РТС) и Радио Телевизија Војводина (РТВ) и најавија дека таму ќе останат до понатамошно известување.
Како што јавува Н1, на блокадата на РТС учениците ќе дежураат во смени, а поставен е и шатор пред зградата на улицата Таковска каде граѓаните можат да оставаат донации.
Јавните медиумски сервиси не известувале вистинито и дека било причината за оваа блокада.
Провладините медиуми ја окарактеризираа студентската акција како тероризам.












