ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕНТСКА ИЗВОНРЕДНОСТ-СЈАЈ НА УКЛО ! ПЕЧАТ ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ

Студентска извонредност – сјајот на УКЛО. Меѓу овие две има знак на равенство или еднаквост, извонредните студенти говорат за квалитетот на УКЛО. Секако тоа е двонасочна улица.  Ректорската управа во соработка со амбасадата на НР Кина во Скопје го валоризираа. Денеска се одржа првата манифестација на која млади студенти кои покажале квалитет во своето образование,истражувачките трудови кои ги изработиле со свои ментори и биле вклучени во активности на поширокатак заедница, беа објавени и им беше доделено признание.

Има три категории, рече денеска ректорот, проф. Д-р Игор Неделковски – најдобар постигнат успех , најдобар објавен стручен труд и извонредност –  исклучутелно добар или одличен во своите перформанси како дел од студентската едукативна, академската, односно пошироката општествена заедница.

Импресијата за денешниот настан се зголемува со сознанието дека во текот на минатата уписна година, битолскиот Универзитет е единстствениот од државата кој има зголемувањее на бројот новозапишани студенти, додека државна статистика брои 17тина илјади помалку средношколци и 7 илјади помалку бруцоши во држававва.

22 студенти и студентки добија признание за својот највисок успех во студирањето за 2022 и 2023 година, признанија кои им ги додели проректорот за настава на Универзтиетот, проф-Д-р Цветко Андреевски.

Проф. Д-р Гора Илиќ на сцена ги покани студентите на кои со денеска доделеното признание ум се уважил трудот кој го окупирал научното внимание. Интелектуалниот потенџијал е богатството на универзитетот, рече проф. Илиќ потсетувајќи дека овие студенти ги обајвиле своите трудови и во студентското списание Хоризонти, „со што се дава меѓународна етаблираност на трудовите кои за Универзитетот резултираат со негово место рамо до рамо со сите држави кои инвестират во образованието и науката“.

Непосредно пред да бидат објавени и уважени извонредните, студентите кои ем учат ем активни се во заедницата, на присутните им се обрати проф. д-р Рената Петровска Нечковска , која низ презентација посочи некои од проектите на Алијанската КОЛОРС

Проф. Петровска-Нечковкска на 10, ангажирани во УКЛО КОЛОРС активности им додели сертификати кои носат ЕКТС кредити.

Најдобрите, одличните во својот досегашен академски живот беа оставени за крај. Проректорката за студенти ,проф. д-р Јасмина Буневска тТалевска додели  15 награди според критериумите постигнат успех и ангажираност во активности од неколку домени, и тоа – воннаставни активности, КОЛОРС проектните активности и учество на Годишна студентска конференција. „студентите се срцето на нашиот универзитрет, а ова принзнание подразбира дека во академското живеење се покажала рамнотежата на академскиот успех, know-how и меките вештини“ рече проф. Буневска Талевска.

Иницијативата прифатена од кинексата амбасада не остана без благодарност и до претставниците на оваа држава во Македонија. Ректорот Неделковски додели благодарница на заменик амбасадор  Шу-Леј, додека некои во овој избор почнаа да пребројуваат кој од факултетите има најголем број одлични, извонредни студенти.

 

 

Повеќе, на врската што Ве води до YouTube