Француската полиција синоќа се судри со демонстрантите во Париз откако француската влада ги усвои пензиските реформи без гласање во парламентот. Полицијата, како што јавуваат медиумите за време на протестите привела 217 лица.

Полицијата употребила водени топови и солзавец, а демонстрантите фрлале предмети кон полицајците.

Француската влада одлучи да ја спроведе најважната реформа на претседателот Емануел Макрон, која предвидува постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.












