ТЕРА

REKLAMA???

ТАЛЕВСКИ: УШТЕ ЕДНА ЛАГА ОД МИЦКОСКИ ЗА ОПШТИНИТЕ

Опозициската СДСМ денеска со критика до премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Пратеникот Миле Талевски во одговор на новинарско прашање рече дека власта оддели само 65 милиони евра за општините, а најавуваше 250 милони.

„Иако помпезно се највуваа 250 милиони евра поддршка за општините од страна на власта, гледаме дека се доделени само 65 милиони евра. Значи ниту најавените 250 милиони евра поддршка на општините ќе се релиаизра ниту пак 100 милиони за до крај на оваа година. Се покажа дека ова е уште една лага на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, уште едно разочарување и неисполнето ветување“ рече пратеникот Талевски.