ТЕРА

REKLAMA???

ТЕЛА НА ПЕТ СКИЈАЧИ ПРОНАЈДЕНИ НА ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ

Телата на пет скијачи се пронајдени во близина на скијачки центар во Швајцарија, соопшти полицијата во швајцарскиот кантон Вале.

Телата се пронајдени на глечерот Адлер и вчера се вршеше идентификување.

Полицијата била алармирана од двајца туристи кои забележале напуштени скии на надморска височина од 4.000 метри. Полицијата почнала да го надлетува регионот со хеликоптер, по што ги забележала петте тела.

Сè уште не е објавено под какви околности починале, ниту пак националноста, полот и возраста на жртвите.

Властите отворија истрага за несреќата. Се испитуваат временските услови и активноста на лавините во регионот.

МИА