ТЕРА

REKLAMA???

ТЕСНО Е ВО ДИК, 8 ПРИЈАВЕНИ ЗА 2 РАБОТНИ МЕСТА

Државната изборна комисија денеска ја утврди листата на кандидати за членови на истата, јавува МИА. Листата вклучува дипломирани правници, економисти и инженер и ќе биде доставена до претседателот на Собранието.

По објавениот оглас се пријавиле Ивана Костадиноска од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ангелчо Ристов од Делчево, дипломиран правник со положен правосуден испит и магистер по административно право и јавна администрација, Атанас Урумов од Гевгелија, дипломиран правник со положен правосуден испит, Ѓорѓи Коробашиев од Велес, дипломиран економист, Светлана Карапетрова од Тетово, дипломиран економист магистер по економија финансии, сметководство и ревизија, Емилија Андовска од Велес, дипломиран правник, Бети Горѓиеска од Скопје, дипломиран инженер по електротехника и Јана Илиева од Скопје, дипломиран правник и доктор на науки по меѓународно право.

Според условите, кандидатите мора да бидат државјани на Македонија, да имаат високо образование и најмалку осум години работно искуство. Собранието ја донесе Одлуката за огласување на избор на 2 октомври 2024 година