ТЕРА

REKLAMA???

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП

Две лица загинаа, а едно е повредено во сообраќајната несреќа која се случи вчера на патниот правец Битола-Прилеп.

Според соопштението од битолската полиција сообраќајната несреќа се случила меѓу две патнички возила, едното со прилепски регистарски ознаки, а другото со битолски.

Во незгодата од повредите на лице место починати се двајцата возачи, едниот од Прилеп, а другиот државјанин на Норвешка. Сопатничката од возилото со битолски регистарски ознаки која е од Норвешка со тешки телесни повредени беше пренесена во Клиничката болница во Битола.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а на лице место присутен бил и јавен Обвинител.