ТЕРА

REKLAMA???

ТОПЛИФИКАЦИЈА ГО ПРАВИ ПОСЛЕДНИОТ ПРИКЛУЧОК НА ТОПЛОВОДНАТА МРЕЖА

Битолска топлификација го работи последното поврзување на топловодот на влезот на улицата „Студентска“ со главната цевка од топловодот на улицата „Партизанска“.

Се очекува градежните работи да завршат за два работни дена и со тоа завршува поставувањето на главната топловодната мрежа низ Битола.

Сите 35 објекти кои се дел од првата фаза на овој зафат се приклучени на топловодната мрежа.

Како што вели директорот на ЕСМ Топлификација, Александар Мирчевски следно е тестирање на топловодниот систем под притисок, а потоа и конзервирање ,се додека не се завршат останатите работи кои се надвор од градот.