ТЕРА

REKLAMA???

ТОПЛО СО ЖОЛТО НИВО ЗА ОПАСНОСТ ОД ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Денес времето e сончево и многу топло и насекаде ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури информира УХМР.

За Битола и околината се прогнозира дека на пладне температурата ќе достигне до 32 степени, а максимумот во раните попладневни часови 35 степени Целзиусови.

До крајот на денот , попладне ќе има опаѓање на температурата на воздухот, се очекува то раните утрински часови утре да доситгне 19 односно 16 степени Целзиусови.

Од утре во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи и засилување на ветерот, а повеќе услови за нестабилност ќе има од вторник. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање.