ТЕРА

REKLAMA???

ТОШЕВСКИ: ДВИЖЕЊЕТО ВО ПЛАНИНА Е РАЗЛИЧНО ОД УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ

Движењето по планините треба секогаш со внимание да се реализира. За тоа говори и последиот настан на Пелистер, кадешто случајно невнимание доведе до спроведување на спасувачка акција во која биле ангажирани неколку државни институции.

Со скршеници на помалата коска од левата подколеница, искусен планинар од Велес кој на Пелистер бил во рамките на организирана посета на група планинари, го прекина своето искачување во планината којашто не ја минувал за првпат. Тоа предизвика серија на акции од неколку национални институции и планинарите во околината кои веднаш помогнале, а планинарот бил евакуиран.

Зборувавме со директорот на ЈУНП „Пелистер“ Иванчо Тошевски. Слушнете ги неговите изјави во прилогот што се емитуваше на ТВ Тера, преку врската што ве води до YouTube.

 

Евакуацијата од оваа планина не е секогаш едноставна, ниту пак има гранција дека може да биде брза, иако активностите кои се преземаат мора брзо да се одвиваат. Воздушната евакуација подразвира добра навигација низ густо израснатите борови дрвја и добро приземјување. Екипите од НП „Пелистер“ мораше најпрвин да го обезбедат просторот.

Старата шега вели случајните случки случајно се случуваат, но  старата мудрост дека животот е најдобрата учителка пак, исто така е во важност кога планирате да се движите во планина. Дел од правилата за движење низ шумите подразбира добра подготовка, за се што може да се случи – носете шише за вода кое може повеќекратно да се употребува, носете храна од дома, не собирајте цветови ниту шумски плодови особено ако не сте сигурни во нивниот изглед, не газете по трева а не е препорачливо ниту да сечете дрвја и гранки без потреба затоа што можеби уништувате нечие живеалиште, секако не смеете да запалите оган, сметот што ќе го произведете – си го носите дома и секако, секогаш бидете на однапред определена патека. Тошевски потсетува и дека е законска обврска движењето по изградените патеки низ планините.

Овие нешта треба да се знаат и да се имаат предвид во секое време. Директорот Иванчо Тошевски денеска се осврна и на негативните коментари кои се појавија веднаш по информациите за евакуациајта за наводни протежирања на лица кои бараат дозвола за движење во време на активна забрана од Национални шуми.

Забраната за движење низ шумата е активна до 31 август, но, посетата на туристичките објекти – не е, а добивањето на дозвола е процес само на добра евиденција затоа што  дозволата е бесплатна.