ТЕРА

REKLAMA???

ТОШКОВСКИ: ДОСЕГА 23 ЛИЦА СЕ ОСОМНИЧЕНИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.

Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и  СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа.

Како што истакна министерот, над 22 – 23 лица се осомничени за целиот настан.

Според Тошковски, пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.

„Концертот било одржан на диво, без писмен договор со изведувачите“, истакна Тошковски.

Во диското имало 500 лица на продадени 250 билети.

Вчера бил извршен разговор со градоначалникот на Кочани и ако се утврди дека сторил нешто незаконско, ќе сноси одговорност.

Министерот најави дека и денеска ќе бидат приведени голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР.

МИА