Американскиот претседател Доналд Трамп и Белата куќа ги објавија реципрочните царински стапки на САД што ќе ги почувствуваат повеќе од 180 земји и територии според неговата нова сеопфатна трговска политика.
Во графикони објавени на социјалните мрежи, Белата куќа ги прикажува ефективните царински стапки за кои тврдат дека другите земји ги наметнуваат на американските производи, вклучувајќи ги и оние преку „манипулација со валутите и трговски бариери“.
Од информациите на графиконот се гледа, дека според пресметките на администрацијата на Трамп, Македонија има 65 отсто царини за САД, а сега се воведуваат царини од 33 отсто за македонскиот извоз во САД.

За Европската Унија Трамп воведе царини од 20 отсто, тврдејќи дека ЕУ наметнала царини од 39 отсто. Што се однесува на земјите од регионот, воведени се царини од 10 проценти за Турција, реципрочно на турските 10 отсто, за Србија се воведуваат 37 проценти на пресметаните српски царини од 74 отсто, за Косово 10 проценти (реципрочни 10 отсто), Црна Гора 10 отсто (реципрочни 10 отсто), БиХ 35 отсто (проценти 70 отсто царини за САД), Албанија 10 отсто (реципрочни 10).












