ТЕРА

REKLAMA???

ТРАМП: УКРАИНА И РУСИЈА СЕ ПРЕД ИСТОРИСКИ ДОГОВОР

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се блиску до историски договор. Тој по пристигнувањето во Рим, каде ќе присуствува на погребот на папата Франциск, наведе дека е време Русија и Украина да седнат на маса, пишува агенцијата МИА.

„Тукушто слетав во Рим. Добар ден за разговори и средби со Русија и Украина. Тие се многу блиску до договор, а двете страни сега треба да се сретнат, на многу високо ниво, за да ја завршат работата. Поголемиот дел од главните точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, СЕГА. Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави крај на оваа сурова и бесмислена војна“, напиша Трамп.

Во Рим денес се случи средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред церемонијата на погребот на папата Франциск.

За средбата потврда стигна од претставник на Зеленски, додека од Белата куќа ја карактеризираа како “многу продуктивна”. Ова е првпат Трамп и Зеленски да се сретнат по нивната вербална расправија во Белата куќа во февруари.

Портпаролот на украинскиот претседател, портпаролот Сергеј Никифоров изјави дека Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп во текот на денот ќе имаа уште една средба, стои во веста на МИА.