Американскиот претседател Доналд Трамп нареди 2.000 припадници на Националната гарда на САД да бидат распореди во Лос Анџелес и Калифорнија во саботата, пренесоа светските агенции.
Ова следува по два последователни дена судири меѓу демонстрантите и имиграциските власти, додека луѓето протестираа против кампањата на администрацијата на Трамп за масовни апсења на нелегални имигранти.
За време на протестите, агентите на Службата за имиграција и царина притворија десетици имигранти за кои се сомневаше дека се нелегално во САД, што предизвика насилни немири.
Демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, која возврати со солзавец, бибер спреј и шок бомби, пренесува Радио Слободна Европа.












