ТЕРА

REKLAMA???

ТРАЈКОВСКИ СЕ ВРАТИ ОД ФИНСКА И ПОТПИША ЗА СКОПЈЕ

Кружниот напаѓач од Битола, Игор Трајковски, по две години кариера во финскиот клуб СИФ се враќа во домашната Суперлига откако потпиша договор со Скопје.

Трајковски, освен за СИФ настапуваше и за екипите на Пелистер и Еурофарм Работник, потоа и во Еурофарм Пелистер 2, а играше и за екипата на Струга и тимот на Радовиш.

Скопје 2020 досега како новитети ги доведе српскиот голман Никола Радовановиќ и поранешниот репрезентативец Горан Кузманоски кој ќе биде тренер на тимот.