Денеска стартуваше железничката линија Битола-Жабени. Возот кој пристигна од Скопје, продолжи за Жабени.

Тргнувањето кон Жабени беше во 10:30 часот. Попатно едно застанување на стојалиште кај Кравари.
Оваа релација од Битола до Жабени се вози за околу 9 минути.
Релација Битола – Жабени
Воз бр. 641
– ст. Битола, 10:30
– стој. Кравари, 10:34
– ст. Жабени, 10:39
Релација Жабени – Битола
Воз бр. 642
– ст. Жабени, 11:00
– стој. Кравари, 11:05
– ст. Битола, 11:10
Цената на билтот во еден правец изнесува 43,00 денари, а цената на повратен билет изнесува 68,00.

Со реактивирањето на железничкиот превоз на патници од Битола до Жабени, се поместува последната станица на возот, а наскоро Битола ќе биде поврзана со Лерин и Солун.
Со денешниот воз се случи реактивирање на оваа железничка линија по повеќе од 30 години.












