ТЕРА

REKLAMA???

ТРЕТ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ИЗГРАДБАТА НА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

Пред зградата на Општина Битола се одржа уште еден протест против идејата за изградба на регионална депонија во близина на Битола, односно на територијата на Општина Новаци.

Беше речено дека е потребно формирање на координативнио тело кое ќе дефинира насоки на дејствување, за да не се случи, како што кажаа од протест во протест да има помалку луѓе.

Беа поделени анкетни листови, како и петиција за потпишување, а од присутните граѓаните беше побарано истата да ја споделуваат со нивните блиски и познаници за да ја потпишуваат, со цел да се побара од надлежните стопирање на намерата за изградба на регионална депонија во овој дел.

Сите го поздравија предлогот кој беше даден, секоја општина да си го решава проблемот на локално ниво со современи депонии кои нема да загадуваат и да бидат опасност за населението.