Министерот за зермјоделие деновиве остварува средба со пелагониски земјоделци. Тој им дојде со информации за поволности, тие го пречекаа со информации и барања за сите сегменти од нивната работа.
Мерката со која на пченицата интервентно ќе им се исплаќа по 3 денари повече од ланските дел од пелагонискиот земјоделци ја прифатија позитивно, но, сепак ниту тоа ниту парите кои ќе се користат преку мерката „зелена нафта“ не подразираат надминување на нивните проблеми.
Митат од с. Будаково е еден од најголемите земјоделци по посеани хектари досега. Годинава ввели колку што ќе имам пари толку ќе посеам. По спроведените мерки министерот треба да се позанимава со мелничарите вели тој.

„Мелничарите, кога слушнаа од министерот дека ќе имаме помош од 3 денари, тие веднаш ја урнаа цената од 10 денари на 9 денари, а фактички ни доаѓа 8 денари.Во цената од 10 денар за килограм е вкалкулиран и ДДВ. Кога се одбиваат 5% ДДВ тоа е 9,5 денари. Па превоз имаме ние некаде околу 0.70 пари за транспортот до било кој мелничар илиоткупен центар и фактички ни иди 11 денари со тие трите денари. Значи, ние работиме како „волот за сламата“. Со добра математика работам, со најмодерна механизација, не ми останва (зараотка н.з). Не можам да одам напред и тапкам в место.“
За Трајче Таневски од с. Бач најважно е како се пресметуваат придонесите, а и како се распределува зелената нафта.

„Јас имам апелирано до министерот, нека слуша. Да се дава на килограм откупено жито, тогаш ќе биде правилно и ќе се објави колку има придонеси, дали има или нема. Тоа стално го апелираме ама не се преземаат мерки. Ова со „зелената нафта“ го користат сосема други лица. Земјата ни е приватна, ни ја даваат на закуп, не ни дава договор, си земаат субвенции, си земаат „зелена нафта“, си земаат и ќирии.
Во системските промени кои треба да се направат за подигнување на статусот на македонскиот земјоделец и дома и надвор треба да се вратат некои од законските норми кои го регулираат пресметувањето и исплаќањето на субвенциите. Аце Милевски го појасни Трајче.

„Тој сакаше да каже дека треба да биде пријавено по хектар. Ако некој работи, тој работи 100хектари, од нив со документи пријавува 20 хектари. Фактички таа состојба е што неможе за тие 80 хектари да земе субвенции. Тоа е големиот проблем. Сите го имаме тој проблем со земјоделското земјиште. Еве, јас личнои имам размена со ЗИК „Пелагонија“ околу 30хектари. Мојата земја е во парцелите на ЗК а јас ги работам нивните површини и неможам да ги пријавам, неможам да земам субвенции. Ние сме сопственици на нашето земјиште ама нашето го обраотва ЗК . Пред две години го избришаа тоа. Ние земавме, скоро 15 години јас земав субвенции за таа земја, пред две години ги избришаа. “

Министерот Трипуновски ги ислуша и забележа сите сугестии и реакции. Денеска со земјоделскиот инспекторат беше во Могила и Кривогаштани, од кадешто информираше дека ќе се следи откупот на пиперка за да нема отстапување од договорените цени од страна на откупните претпријатија. Мерката „зелена нафта“ е таа која ќе биде од помош.
„Најголем удел во производната цена , една од уделите е трошокот за обезбедување на нафтен дериват. Со ова зголемување и со онаа модификација што планираме да ја направиме за наредната година тоа ќе биде сериозен олеснувач во процесот на земјоделското производство.“ – рече Трипуновски на прашањето дали „зелената нафта“ може да ги реши сите проблеми на земјоделците.
Инаку, Деновиве земјоделците од Пелагонија ги подигнуваат картичките за мерката „зелена нафта“ . Во битолската подрачна единица ги има 3.556, а според раководителот досега се подигнати само 300 картички. Владата го зголеми кофинансирањето на нафтата за 100%, а најавува и други мерки.












