ТЕРА

REKLAMA???

ТРИПУНОВСКИ ЗА ТОА ДАЛИ ПИПЕРКАТА СЕ ОТКУПУВА ПО ДОГОВОРЕНИТЕ ЦЕНИ

По Новаци каде земјоделците ги информираше за мерките на владата во однос на директните плаќања кои се зголемија од 6.000 на 12.000 денари и  дека дополнително со програмата за интервентниот фонд предвидедни се дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица во откупни регистрирани центри, министерот Трипуновски отиде и во Могила и Кривогаштани да се информира за откупот на пиперката од оваа реколта.

А откупните цени како што може да се забележи на ова место се 40 денари за прва класа, 30 за прва и втора, 20 за втора и трета класа 13 денари.

„Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ќе се корегираат”, изјави министерот.

Тој апелираше до земјоделците дека ќе се следи откупот до последниот килограм на пиперка за да се откупи по договорените цени.

 „Сакам да апелирам до земјоделците дека ние како институција ќе го следиме откупот до последниот килограм додека не се откупи согласно препорачаните односно договорените цени пред почетокот на откуп”, појасни Трипуновски.

„Во наредните денови ќе одржиме и дополнителен состанок со преработувачите каде што ќе разговараме за преклопување на реколтата од струмичкиот и прилепскиот регион. И тоа се со цел да нема големи осцилации во делот на преработката”, изјави тој.

Министерот вети дека земјоделците оваа година треба и ќе бидат задоволни од откупот и пласманот на пиперката. На почетокот на август беше соопштено дека беше постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа  40 денари за килограм, прва/втора класа  30 денари за килограм,  втора класа  20 денари за килограм, трета класа  12 денари за килограм.