ТЕРА

REKLAMA???

ТРИ ПОВИЦИ ЗА СУБВЕНЦИИ И ДВЕ СТРЕЛКИ ЗА ОРИЕНТАЦИЈА

Ориенатaција за субвенции. Вака е насловена денешната вест. Табли поставени пред општинската зграда со стрелки на движење кој за каде е, односно за која субвенција. Вака решија за да немало гужби, а на комисиските расправи за финансии и животна средина кои беа две во едно, беше поставено и прашањето зошто аплицирањето не е електронски.

Општина Битола објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за набавка на инвертер клима уреди за 2024 година.

Доставата на апликации со целосна документација ќе трае од денеска  до 16.10.2024 до 15:30 часот.

Средствата што ќе ги надоместува општината се во вредност од 50 проценти од вкупната цена на чинење на уредот, но не повеќе од 25.000 денари.

Бројот на добитници е ограничен до висина на определениот износ од Програмата за животна средина за 2024 година од 3 милиони денари, вклучувајки го и персоналниот данок на личен доход од околу 11 проценти, стои во јавниот повик.

Грејната сезона започнува на 15 октомври, а септември пак беше месец кога имаше денови кога заради ладното време граѓаните почнаа да си ги затоплуваат домовите. На прашањето зошто толку доцна се распишува, од општината се повикаа на изборите.

Но, на тоа и реплика од советниците дека изборите се завршени уште во јуни-јули.

Инаку ланската година повикот беше објавен кон крајот на месец март.

Имаше и прашање дали ќе има листа на оние кои не добиле за да имаат право да се жалат.

Општина Битола објави и Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на општината за купување на велосипед за 2024 година. Јавниот повик трае до 16 октомври, а од денеска се доставуваат апликациите и тоа може да се прави до 16 октомври.

Вкупниот буџет за ова е 1 милион денари, а средствата што ќе ги надоместува општината се во висина до 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од 5000 денари.

Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на подрачјето на Општина Битола за 2024 година. Овој повик беше објавен на 4 октормври и ќе трае до 24 октомври, а документацијата ќе се поднесува од 24 октомври до 1 ноември. Општинта ќе субвенцинира со 30 проценти од вредноста, но не повеќе од 30.000 денари. И тука оние кои имаат досега искористено ваква субенцика немат право, а немаат право и оние чии станбени објекти се во фаза за изградба.

Дали ова е време кога ќе може да се монтира дограма и опрема и во временската рампа поставена во повикот?

На комисијата овие точки беа изгласани.