ТЕРА

REKLAMA???

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО БИТОЛА ВО СИЦ

Иако за врсничкото насилство се повеќе се зборува, има се поголем број настани за едукација на деца,млади и возрасни, Битола немаше сеопфатна комплетна информација ниту анализа како се движи проблемот со кој се соочуваат младите. Професорите од правниот факулте, преку мултисекторска соработка направија таква информација, а за анализата во просториите на Студентскиот информативен центар на УКЛО организираа тркалезна маса за врсничкото насилство во Битола.

Врсничкото насилство во Битола како проблем за кој досега немало анализа којашто може да биде основа за идна стратегија за борба прорив оваа асоцијална појава е темата на тркалезната маса којашто денеска се одржа во Студентскиот информативен центар. Истражувањето коешто денеска беше понудено како поттикнување на пошироката дискусија го спроведоа професори од Правниот факултет, Високата медицинска школа и Центарот за социјални работи во Битола. Презентирани беа прелиминарните резултати.

доц. Д-р Ивона Шушак Лозановска, една од иницијаторите за проектот.

 

Уставната позиција на посебна заштита на децата и младите, пристапот на правосудните органи, казнено-поправната политика,  исто како и институциите кои се занимаваат со обезбедување на социјалната правда за младите не го има како законска одредба, ниту кривична норма. Оттука, центрите за социјални работи се исправени пред големи предизвици не само во однос на едукацијата во соработка со образовните институции, ами и во справувањето со проблемот. Во Битола имаат изненадувачки сојузник.

Елизабета Талеска, педагог од ЦСР Битола

На официјалното отворање на Тркалезната маса се обратија ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, деканката на Правниот факултет, проф. д-р Светлана Вељановска, како и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Тие ги поздравија иницијативите за справување со врсничкото насилство, истакнувајќи ја важноста на заедничката работа меѓу различните општествени чинители за еден од најсериозните проблеми во образованието. Тркалезната маса е оценета како значаен чекор во подигнување на свеста за еден од најсериозните проблеми во образованието, со цел обезбедување поголема безбедност и поддршка за учениците и ја потврди соработката на УКЛО со образовни и општествени институции – што е една од четирите главни насоки во екосистемот на Алијансата КОЛОРС.

 

Повеќе, преку врската што ве води до YouTube