ТЕРА

REKLAMA???

УДАРНИ ДУПКИ И РАНДОМ ПАРКИНЗИ

Граѓаните реагираат на ударните дупки кои постојано се појавваат во градот и паркирањето и на места кои ниту законски не може да бидат паркинзи.

Не престануваат реакциите на граѓаните во однос на ударните дупки кои се карактеристика на асфалтираниот коловоз и сообраќајниците во градот.
Овојпат вниманието на граѓаните беше насочено кон патот кон Баба Планина, делницата над Довлеџик којашто започнува со една бензиска пумпа, продолжува разминувајќи неколку ресторани, завршува со крстосницата меѓу Ниже Поле и подпелистерските села.


Ударни дупки , помали или поголеми има дож целиот пат, што оневозможува безбедно возење на патот кој во предновогодишниот период, но и претстојната зимска или скијачка сезона го минуваат и Битолчани и туристи од разните делови на државата.
Освен тоа, граѓаните реагираат и на појавата на паркинзи врз зелена површина.
Триаголникот од зелена површина е исполнет со возила. Неколкумината случајни минувачи кои ги затекнавме снимајќи велат дека се работи за автомобили кои ги поседуваат работниците на околните претпријатија, и дека тревнатата површина е претворена во паркинг од неодамна и дека е исполнета и дење и ноќе.


Заради безбедност на сите во околината, како ограничување на опасностите од пожар, експлозија, движење на возилата и видливост градежниците и урбаните планери не предвидуваат околни градежни елементи особено паркинг на простор од 15-30 метри (или повеќе) меѓу пумпите и околните градежни елементи. Но тоа е пример од други земји. Кај нас е важно се да биде според урбанистички план. Оттука и реакциите на граѓаните: кога просторот добил дозвола да биде паркинг, односно зошто тука нема казни за паркинг ?