ТЕРА

REKLAMA???

УКЛО ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРИМЕНЕТИ ИНТЕРНЕТ И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола при универзитетот Св. Климент Охридски ја организира 15-та по ред меѓународна Конференција за применети интернет и информатички технологии. Конференцијата се реализира во соработка со Технички факултет „Михајло Пупин“ од Зрењанин од новосадскиот универзитет.

Експерти оД сајбер безбедност, професори,студенти, наставници од средни уилишта, компјутерски и софтверски експерти од бизнис секторот се дел од 15 по ред конференција којашто се реализира во Битола. Повеќе од 60 трудови со интернетот, креирањето и користењето на интернет алатки пристигнале на адреса на организаторите оваа година, а од денеска во 8 сесии ќе бидат презентирани најдобрите трудови. Деканот на факултетот проф. Д-р Благој Ристевски посочува дека се фокусирани на безбедноста на интернетот, а тоа ќе се расправа на хаб и работилници и на тркалезна маса.

Најголемата опасност на интернет се лажните профили од кадешто може да извира негативна и навредлива содржина, а корисниците да станат жртви на сајбер булинг, сајбер груминг..Оттука и дискусијата на оваа конференција . ФИКТ изработи физибилити студија и учествуваше во донесување на нов македонски закон за регулирање на оваа област.

 

Интернет, сајбер или кибер просторот не е само домен на технологијата, туку и критична инфраструктура на сите институции, бизнисот, се во државите, вели проф. Д-р Костадина Велјановска,продекан за наука и соработка. Тоа што ќе биде интересно е и денешниот Европски Иновациски дигитален Хаб, точка кадешто може да се примени сето знаење и технилогија за да се стигне до зелена и дигитална држава.

Сесиите се одржуваа во различни делови од Факултетот денеска, а започнаа со Сесија за применета информатика, дизајн на системи и смарт апликации;  сајбер безбедност приватност и доверба во дигиталната средина; истражување на влијанието на ВИ во системот на учење; сесија за улогата на дихиталниот хуманизам во вештачки водените системи за машинско учење. Светот стана дигитална заедница, а секој треба да фати чекор со промените – и индивидуално и како заедница организирана во држава.