Универзитетот „Свети Климент Охридски“ повторно е домаќин на настан кој е насочен кон иновацијата, инвентивноста, а со тоа и кон иднината. Во Студентскиот информативен центар го реализира првиот УКЛО КОЛОРС студентски хакатон „Ммултидисциплинарни предизвици на тројната транзиција: социо-економски, зелени и дигитални. На хакатонот учествуваат студенти од универзитети кои се партнерски поврзани во асоцијацијата „КОЛОРС“ .

Од денеска до в среда на битолскиот универзитет ќе се одива првиот Хакатон на студентите кои се дел од уиниверзитетите на Алијансата Колорс. Преку 40 учесниците – талентирани програмери, ќе понудат креативни , иновативни решенија што може да се применат во секојдневието. И самиот хакатон содржи своја иновативност, посветен е на три аспекти од енергатската транзиција којашто претстои, што истовремено значи и значителна општествено организациска транзиција.

„Ова е еден од тие први видливи резултати за јавноста од КОЛОРС Алијансата. Нашите студенти во еден натпревар заедно со студентите од членките на Алијансата ќе креираат креативни, иновативни софтверски решенија поврзани со тројната транзиција на регионот, Битола и околината. Знаеме, ние живееме во регион во кој побргу или подоцна ќе се започне процесот на праведна транзиција. Тој процес не се спроведува за година или две.Затоа ние како универзитет, меѓу првите почнуваме да работиме на предлози околу транзицијата на нашиот регион бидејќи подготовките за една таква транзиција треба да има десет па можеби и повеќе години.“ – вели ректорот Неделковски.

Хакатонот трае од денеска до 26 ноември 2025 г., ќе се реализира во просторот на Студентскиот информативен центар и на Факултетот з аинформатички и комуникациски технологии. На учесниците организаторот им постави три предизвици: намалување отпад од храна и циркуларна економија, ефикасно користење на енергија и можности за обновливи на извори на енергија и унапредување на социјалната инклузија.

„Бројот на учесници е импозантен, во моментот имаме педесетина пријавени ученици и студенти од нашиот универзитет, имаме дури и гости од странство. Денеска во рамките на овој Хакатон ќе можат учесниците да работат на трите предизвици вклучувајќи го дигиталниот момент како нешто без коешто денеска неможе да се замисли некаков новитет односно некаква идеја за нови производуи. Дел од тимовите се однапред определени , имаат ментори и претходно најверојатно работеле , а имаме и такви учесници кои за првпат и самостојно се пријавуваат , па нивното вклопување во тимови ќе се случуваво наредниот период , Седумчлено жири ќе ги оценува изработките на ученисниците. “ – вели проф. д-р Мимоза Богдановска Јовановска.

„Како што знаеме, хакатоните се една бура на брзо , рапидно прототипирање на нештата коешто потоа треба да се негува, инкубира итн. Сето тоа планираме да го опфатиме во рамките на нашите активности како Алијанса и да трае. Така што навистина сметаме дека менторираните студенти , се тоа што ќе го видите на хакатонот во организација на студентите е врвот на оа што сакаме да го постигнеме. “ – вели проф. д-р Рената Петровска Нечкоска.


Учесниците ќе работат во тимови, ќе развиваат креативни решенија и ќе имаат можност да слушнат мотивациски говори од стартап основачи, експерти, инкубатори и фондации кои поддржуваат иновативни идеи. Преку сесиите, ќе научат како да креираат буџет, да подготват презентација и да ја претстават и образложат својата идеја пред седумчлено жири составено од експерти од клучните области релевантни за овој хакатон – од сите четири хеликси на проектот: бизнис-секторот, јавниот сектор, академската заедница и граѓанскиот сектор.

















