ТЕРА

REKLAMA???

УКЛО ПРЕТСЕДАВАЧ СО УНИАДРИОН, СЛАВИ ПАТРОНАТ

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ годинава го празнува својот патрон со настани кои се вистинска видлива манифестација на меѓународните активности на студентите и ректорската управа меѓу два патронати. денеска се одржа првиот состанок на асоцијациата на универзитети од Јадранско-јонската група земји –  УНИАДРИОН, со која претседава нашиот универзитет.

Во градот има високи претставници на УНИАДРИОН – Асоцијација на универзитети од Јадранско -јонската група на земји. Овде се и работно и празнично. Најпрвин учествуваат на тркалезната маса за соработка меѓу универзитетите членки на УНИАДРОН, регионалните страни и институционалните партнери. И зад оваа асоцијација стои Европската Унија.

Проф. Д-р Џени Пејџе професорка на универзитетот во Jанина и тука е како претставник на сите грчки универзитети. Вели нејзината земја е најстариот учесник во Униадрион затоа што е членка, а и таа ја претставува Грција веќе 25 години.

Универзитетската алијанса подразбира дека најпрвин државите се поврзани во соработка, а потоа и универзитетите. Но , работата на академските работници е комплетно самостојна, автономијата на универзитетите е комплетно задржана и ојачана, вели професорката Пејџ на новинарското прашање дали во светот во овој век во кој се вели дека политиката испревртела се  постои универзитетската автономија.

„Да, универзитетите се многу силни и кога имаат ваква Алијанса, тие се толку добро поврзани а тоа ги прави уште посилни “ Оваа асоцијација дава поддршка во решавање на било кој од проблемите со кои универзитетие се соочуваат но и поддршка зо сорабтка, сорабокта на проекти, поддршка на студентите , професорите и во градењето поврзаност со заедницата.

Во УНИАДРИОН во моментов членуваат 50 универзитети од Јадранско-јонската група на земји. Оттука, претседавачот – македонскиот УКЛО ќе треба да се залага за изнаоѓање решенија на проблемите со кои се соочуваат и битолскиот и на пример било кој универзитет во Италија.

Во рамките на денешната средба се реализираше и презентација на трудови од сите области што ги спојуваат уиверзитетите – тркалезната маса имаше панелисти од обласа на Безбедноста, дигитална трансформација и образование, дискусија за заедничките или дуални дипломи што ги користат многу од универзитетите на европско тло – вклучително и битолскиот преку Алијансата КОЛОРС, панел и дискусија за културносто наследство и решавање на одвоени еколошки проблеми.

Гостите денеска го посетија и Факултетотѕ за информатички и комуникациски науки ФИКТ, кадешто своите дискусии ги продолжија во лабораторијата за виртуелно инженерство.

Вечерва УКЛО во чест на својот патрон , а во соработка со Средното општинско училиште Гимназијата „Јосип Броз Тито“ го претставува уметничкиот перформанс СЛОВО ЉУБВЕ, омаж за учителот и духовниот втемелувач на нашата кулутра, светиот Климент Охридски.