ТЕРА

REKLAMA???

УКРАИНА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, по повод Денот на независноста на земјата, изјави дека Украина и Украинците самостојно ќе одлучат како да живеат, по кој пат да одат и какви избори да направат, бидејќи така функционира независноста.

Зеленски го изјавил ова во обраќањето до граѓаните на Украина, што било снимено во регионот Суми, во близина на границата со Русија, објави  Укринформ, а пренесува Танјуг.

Сепак, од нападот врз Курск Украина и Зеленски се соочуваат со реакцијата на политичари од меѓународната заедница кои се спротивставуваат земјата да го користи донираното оружје за се, освен за одбранбени цели, пишува Еуроњус.

Украинската војска соопшти дека користела високопрецизни американски бомби за летање за напади во рускиот регион Курск и дека повторно зазела дел од територијата во источниот украински регион Харков, која е под руска офанзива од пролетта. Командантот на украинските воздухопловни сили, генерал-полковник Микола Олешук информираше „нападот со бомбите ГБУ-39, кои беа испорачани од САД, резултираше со руски жртви и уништување на опремата.“

Украина се здоби со полноправна независност по националниот референдум на 1 декември 1991 година, на кој 90,32% од граѓаните гласаа за независност. Иако во услови на војна, вкупно 144 настани за Денот на независноста треба да се одржат низ цела Украина, според Националната полиција.

Украинската дијаспора планираат повеќе од стотина граѓански акции и други настани во 20 различни земји по повод прославата на Денот на независноста на Украина, пишува Ураинформ