ТЕРА

REKLAMA???

УЛИЦА „РУЗВЕЛТОВА“ СТАНУВА ПЕШАЧКА ЗОНА

На улицата Рузвелтова, со одлука на Советот на општина Битола е променет режимот на сообраќај и истата добива третман на пешачка зона. Достава на стока на истата е овозможена во периодот од 06 до 08 часот секој ден.

Во соопштението од ЈП „Паркинзи“ се вели дека одлуката мора да се почитува и за секое прекршување на истата ќе следат соодветни санкции согласно законските прописи.

Замолуваат секое прекршување веднаш да се пријави на телефонот 047222999 или во СВР Битола на телефонот 192.