Денеска и утре во дводневна официјална посета на Република Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската влада.
Според информациите владината прес служба претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега.
Дополнително, во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација, а утре ќе се одржи заедничка меѓувладина седница.
По завршувањето на меѓувладината седница се очекува да се одржи прес-конференција за медиуми на која ќе се обратат двајцата претседатели на владите, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.












