Министерот за транспорт Александар Николоски денес заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шакири оствари работна средба со Заедницаата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС).

„Започнуваме со изработка на нова унифицирана постапка за поставување на урбана опрема за сите општини.
На средбата се разгледуваа можностите за воспоставување на законско доуредување на постапката за поставување на урбана опрема, односно можноста за изработка на нов Правилник со кој ќе се уредува постапката за поставување на урбаната опрема.

Работната група составена од претставници од Министерството за транспорт како и претставници од ЗЕЛС, во следниот период заеднички ќе работат на подготовка на прописите и во еден разумен рок се очекува да биде изготвен и нов Правилник за оваа намена.
Владата и министерството за транспорт гледа на општините како рамноправен партнер во креирање на законски решенија посебно во делот на градењето и градежното земјиште“ вели Николоски.












