ТЕРА

REKLAMA???

„УПОТРЕБАТА НА ПЕДАЛИТЕ ВО ИНТЕРПРЕТАЦИЈАТА НА ПИЈАНОТО“ ВО БИТОЛА

“Употребата на педалите во интерпретацијата на пијаното”, беше насловот на предавањето кое во Битолското музичко училиште го одржа проф. д-р Милица Шкариќ, од Катедрата по пијано при Музичката академија во Штип.

Таа одржува едукативни семинари низ повеќе музички училишта во државата (Скопје, Штип и Кочани). Покрај темата која беше застапена во Битола, проф.Шкариќ ги одржува и предавањата на тема: „Поставување на раката кај децата почетници на пијано” и други. Истите наидоа на одличен прием кај учениците од Државното музичко училиште во Битола. Оваа активност е во насока на зголемување на соработката на Музичката академија со музичките училишта низ државата.

Милица Шкариќ е нносител е на три први републички награди по пијано, на прва специјална награда со максимален број поени на сојузниот натпревар на поранешна Југославија, четврта награда на меѓународниот натпревар во Сенигалија, Италија, прва награда на меѓународниот натпревар во Саребург, Франција и награда за корепетиција на натпреварот „Елизе Мајер“, Хамбург, Германија. Учествувала на семинари по пијано кај познатите педагози Арбо Валдма, Икуко Ендо, Јокут Михајловиќ, Сиавуш Гаџиев, Ралф Наткемпер, Акилес Дел Вињ и др. Носител е на странски стипендии од фондациите Албер Русел, Џилда Сантарели, Ото Штотерау, Сорос, ДААД и Американска програма за развој на млад наставен кадар (JFDP). 

Настапувала како солист и камерен партнер во Франција, Германија, Италија, САД, Србија, Бугарија, Македонија и др. Автор е на учебник по пијано за возрасни почетници „Пијано, детски и други музички инструменти“, книгата „Интерпретациски проблеми на избрани дела за клавишни инструменти од Ј. С. Бах“, учебник по предметот „Историја на пијанизмот 1“, учебник по „Методика на настава по пијано“ и има објавено повеќе трудови. Шкариќ досега има одржано повеќе музички работилници, меѓународни семинари по пијано во Белгија и била член во жирија на меѓународни натпревари по пијано. Таа е почесен член и носител на наградата Гран При за 2016 година од Фондацијата Зографски.