Во пресрет на сезоната на излети, од Националниот парк „Пелистер“ соопшти дека вчера работеа на уредување на просторот околу Ротинско езеро и Манастир „Св.Пророк Илија“ во село Ротино.

„Во деновите кои претстојат на задоволство на сите љубители на природата согласно временските услови на терен, ќе продолжиме со уредување и на други познати излетнички места.

Почитувани љубители на природата, не заборавајте дека најдоброто место за одлагање на отпад во природа е вашиот ранец“ велат од националниот парк.


Фото: НП „Пелистер“ Битола












