Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги става на платено административно отсуство сите вработени во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), освен директорите и клучниот персонал ширум светот и затвора 1.600 работни места во агенцијата во САД.
УСАИД во неделата една минута пред полноќ, по локално време, соопшти дека за целиот персонал на агенцијата, освен вработените задолжени за основни работи, е одредено административно отсуство.
Агенцијата, исто така, „почнува да спроведува процес на намалување на силата“ што влијае на околу 1.600 вработени во УСАИД во САД, се вели во соопштението.
Во претходното известување испратено до персоналот, се вели дека околу 2.000 вработени во агенцијата во САД ќе бидат отпуштени.












