ТЕРА

REKLAMA???

Утре во битолското село Маловишта ќе се одржи традиционалниот Василичарски карневал

Утре, на 14 јануари  со почеток во 09:00 часот, во битолското село Маловишта ќе се одржи традиционалниот „Василичарски карневал 2026“, настан со вековната традиција.

Организаторите на карневалот најавуваат веселба за сите генерациии и ги повикуваат граѓаните заеднички да ја одбележат традицијата во ова битолско село и да ја дочекаат Старата Нова година со радост, смеа и добра енергија.

Посетителите на „Василичарскиот карневал“ во Маловишта ги очекуваат автентични маски, традиционална музика, обичаи и добра забава.

Карневалот, што традиционално се одржува на Василица, ја симболизира борбата меѓу доброто и злото, како и желбата за здравје, бериќет и среќа во Новата година.