Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека во текот на утрешниот ден 19.03.2025 (среда), поради изведба на јазел во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници:
-Булевар „1 Мај“ (од „Васко Каранѓелевски“ до Црн Мост) и над „Илинденска“ до „Христијан Карпош„, ул. „Широка“.
– Ул.„ Охридска“, од „Васко Каранѓелевски“ до „Стив Наумов“.
Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување со активностите.












