ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ КОНКЛАВА ЗА ИЗБОР НА ПАПА, ДЕНЕСКА ТРАМП ВО ФОКУСОТ

По мисата по повод крајот на деветдневната жалост за папата Франциско, Ватикан ги прави последните подготовки за папската конклава која треба да започне утре. И во овој настан се вмешаа прстите на американскиот претседател – си постирал или не си постирал фотографија од себе во папската облека.

Од утре 135 кардинали ќе бидат затворени во Систинската капела без телефони, без интернет и без излез додека не се избере нов папа. Католичката црква е во sede vakante –  со празна столица,  без избран водач, по смрта на папата Францис.  Изборот се реализира на Конклава – на латински соба која може да се заклучи. И чинот претставува и антички ритуал ( како што го нарекуваат американците) и политичка драма со високи влогови – како што го нарекуваат некои прозаисти и поети, но во секој случај чин кој се состои во тајни гласања, озборувања и, исклучителнио висок притисок на кој се изложени многу мажи во црвена облека (пишуваат европските критички настроени медиуми).

Според каноните на католичката црква, кардиналите може да изберат било кој маж католик, но тие од 1389 година се откажале од избор на т.н папабили – што италијански подразбирало способен да биде папа и,  избираат од своите, редовите на кардиналите.

Се претпоставува дека изборот ќе биде кус – следниот папа ќе биде од реговите на кардиналите од Азија или Африка – кадешто се бележи се поголемо пристапување на граѓани кон католичката црква.

Но, во 13 век, конклавата траела 1.006 дена – скоро три години. Започнала во градот Витерб, во ноември 1268 година, а завршила во септември 1271 година. Затоа што граѓаните го финансирале претстојот на кардиналите во градот, им здодеала нивната длабока поделеност на две фрракции – против Гргур 10ти и за Гргур 10 , па најпрвин ги заклучиле во црквата , потоа ги оставиле само на леб и вода, а потоа почнале да ги симнуваат плочите од покривот на црквата со надеж дека ако се изложени на временските неприлики, папите ќе се договорат. Оттогаш  cum  clave – под клуч се одржува изборот на новиот папа. Настаните биле запишани на пергамент, датиран од 8 јуни 1270 година во кој се наведува дека кардиналите во 13 век биле затворени во palazzo disvoperto – палата без покрив.

Којзнае дали годинава кардиналите по  вчадувањето на црниот или белиот чад ќе запишат на пергамент или на модерните телекомуникациски начини ќе го овековечат моментот, но секако ќе имаат свој коментар за последната афера поврзана со Доналд Трамп. Американските медиуми се обидуваат да откријат дали последната вештачки генерирана фотографија од Трамп во папска одора е дело на негов следбеник или негов непријател. Осудата доаѓа од сите странил, Трамп сосе кабинет негира дека сам ја постирал фотката на својот Инстаграм профил, а светот и во двата случаи има добра одишка од секојдневните, во основа, лоши вести.