ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ОДЛУКА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ТЕСТЕНИНИ И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Ќе се замрзнат цените на тестенините и на одредени млечните производи, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Најавата доаѓа на една недела откако со владина одлука се замрзна цената на белиот и полубел леб на максимум 33 денари.

Одуката за замрзнување на цените на тестенините и на млечните производи треба да се донесе утре, а да стапи на сила од следната недела.

Бектеши очекува цената на тестенините да се намали и за 10 проценти. Тој, како што пишуваат медиумите, вели дека во делот на млечните производи се очекува замрзнување на цената на бело сирење, млеко, урда, односно истите производи кои беа опфатени и со владината одлука за ограничување на маржите.