ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ВО ДЕЛ ОД НОВА БИТОЛА

Од јавното претпријатие „Водовод“ Битола информираат дека активно работат за подобрување на водоснабдувањето на ул.Васко Каранѓелевски, Горен Пазар, хотел Битола и зградите Декорпод.

За таа цел во текот на утрешниот ден 21.07.2022 (четврток) ќе се прави промена на овален затворач Ф-150 во овој дел од градот.

Прекинот во водоснабдувањето поради активностите околу промената, ќе трае од 08:30 до завршување со интервенцијата.

Со овој зафат се очекува непрекинато и поквалитетно водоснабдување за нашите корисници, велат од „Водовод“.