Утре и во текот на ноќта кон петок ќе има врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места.
Во петок попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.
Утре и во Битола со врнежи од снег. Утринската температура ќе се слушти до -2, а дневната до 2 степени.












